Турција и официјално се повлече од Истанбулската конвенција

Денес, Турција официјално го напушти меѓународниот договор чија цел е борба против насилството врз жените, т.н. Истанбулска конвенција, одлука на претседателот Реџеп Таип Ердоган, која доби силни критики, како во Турција, така и во странство.

Фото: ЕПА

Во повеќе турски градови во текот на денот се предвивдени протести против повлекувањето од Истанбулската конвенција што во март е најавено од Ердоган, а стапи на сила на полноќ.

Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, т.н. Истанбулска конвенција е документ од 2011 година, потпишан од 45 земји и ЕУ.

Тоа е првиот правно обврзувачки и сеопфатен меѓународен механизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Конвенцијата обезбедува нова и детална меѓународна правна рамка за поефикасно искоренување на семејното насилство и насилството врз жените.

Одлуката на Ердоган да ја повлече својата земја од конвенцијата, иако бројот на убиства на жени во Турција е зголемен во текот на изминатата деценија, предизвика бес кај организациите за заштита на правата на жените и критики на ЕУ, Вашингтон и на Високиот комесаријат за човекови права на ООН.

Турската влада ја објасни својата одлука со изјава дека Истанбулската конвенција „ги поткопува семејните вредности“ и „сака да ја прикаже хомосексуалноста како нормална“ затоа што повикува луѓето да не бидат дискриминирани врз основа на сексуална ориентација.

За разлика од многу земји со мнозинство муслиманско население, хомосексуалноста во Турција не е забранета со закон, но хомофобијата е широко распространета, истакнува Франс прес.

Аналитичарите ја толкуваат одлуката на Ердоган пред сè со неговата желба да ја собере конзервативната гласачка база во контекст на економските тешкотии со кои земјата се соочува.

„Ова повлекување испраќа опасна порака до оние кои вршат насилство, осакатуваат или убиваат: им кажува дека можат да продолжат да го прават тоа целосно неказниво“, рече во четвртокот лидерката на Амнести Интернешнл, Ањес Каламард.

„Во однос на правата на жените, Турција се врати десет години наназад“, додаде таа.

Минатата година 300 жени беа убиени во Турција од страна на нивните партнери или поранешни партнери, според Здружението за правата на жените „Да ставиме крај на убиството на жени“.

Оваа година нема тренд на опаѓање бидејќи досега биле убиени 189 жени, рече истиот извор.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе