Односите на Анкара и Каиро се напнати од 2013

Турција и Египет ги обновија дипломатските контакти

Турција и Египет ги обновија „дипломатските контакти“ по 2013 година, кога беше урнат египетскиот претседател Мохамед Морси, изјави денес шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

EPA-EFE

„Имаме контакти со Египет на ниво на разузнавачки служби и министерства за надворешни работи. Воспоставени се контакти на дипломатско ниво“, кажа Чавушоглу, а пренесува агенцијата Анадолу.

Според турскиот министер, обновувањето на односите на двете земји се одвива „малку по малку“, следејќи ја „мапата на патот“.

„Имаме контакти со Египет на ниво на разузнавачки служби и министерства за надворешни работи. Воспоставени се контакти на дипломатско ниво“, кажа Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија на почетокот на март изрази спремност за преговори за договорот за разграничување со Египет во источниот дел на Средоземното Море.

Односите на Анкара и Каиро се напнати од 2013 кога беше урнат првиот демократски избран претседател на Египет Мохамед Морси од редовите на Муслиманските браќа и со поддршка од Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повеќе пати го нарече актуелниот египетски лидер Абдел Фатах ал Сиси „лидер на пуч“, но неговите критики во последните месеци стивнаа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе