Турција ѝ донира на Босна и Херцеговина околу 30 милиони евра за набавка на воена опрема

Советот на министри на БиХ и Владата на Република Турција потпишаа договор за соработка според кој БиХ добива донација од 200 милиони турски лири, околу 30 милиони евра, за набавка на воена опрема, а услов е таа да биде нарачана од турската наменска индустрија, пренесе Кликс.ба.

Во договорот, кој сега е во процес на консултација и кој треба да биде потврден од Парламентарното собрание на БиХ, се наведува дека одредениот дел од алоцираните средства можат да се искористат во наредните пет години, почнувајќи од датумот на известувањето што до Советот на министри ќе го испрати Кабинетот на военото аташе на Амбасадата на Република Турција.

Исто така, БиХ мора да се обврзи дека опремата нема да ја отстапи или продаде на трето лице.

Покрај помошта за воена опрема, Турција исто така издвои околу 500.000 евра за обука на припадниците на Вооружените сили на БиХ во центри за обука на Турските вооружени сили.

Инаку, Босна и Херцеговина веќе добивала ваков вид помош од Турција, но никогаш во толкав износ. Турција воено и помага и на Црна Гора, а неодамна е склопен договор во вредност од 15 милиони евра.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе