Меѓу убиените има и деца

Турција гранатираше сириски град, загинаа 11 цивили (ВИДЕО)

Најмалку 11 цивили, меѓу кои осум деца помали од 15 години, загинаа денес во турско гранатирање во близина на училиште во град на северот на Сирија по контрола а курдските сили, објави Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР).

Трагедијата се случи во Тал Рифаат, каде во спорадичните судири учествуваат турските сили и курдските борци. Во тој град има и сили на официјален Дамаск како и руски трупи, наведува СОХР.

„Артилериските гранати паднаа во близина на училиштето додека децата излегуваа од објектот“, изјави шефот на СОХР Рами Абдел Рахман наведувајќи дека во нападот се ранети 21 лице.

Повеќето жртви се Курди кои избегале во Тал Рофаат по бегството од енклавата Африн, нешто позападно, која во 2018 ја заземаа турските трупи.

Анкара по таа операција се закани со напад врз Тал Рифаат, но турската офанзива беше прекината благодарение на договорот со Москва.

Русија се обврза дека курдските милиции Единици за народна заштита (ИПГ) ќе ги уберди на повлекување.

Турција на 9 октомври со помош на сојузниците меѓу сириските антивладини бунтовници поведе офанзива против ИПГ, кои ги смета за терористи, за да ги одалечи од својата граница.

Но, повремените судири продолжуваат иако Анката двапати се согласи на примирје.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа дека терористичките групи сѐ уште не се повлекле од Манбиџ и Тал Рифаат, од кои ИПГ мора да се повлечат врз основа на руско-турскиот договор.

Офанзивата ѝ овозможи на турската војска да ослободи појас покрај границаат долг 120 километри. Во судирите загинаа 150 цивили, а над 300.000 луѓе се раселени, покажуваат податоците на СОХР.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе