Турција го тестирала рускиот противвоздушен систем С-400 на американски ловци Ф-16 (ВИДЕО)

Турција го тестирала рускиот противвоздушен систем С-400 на ловци Ф-16 од американско производство во ноември 2019 година, изјави извор близок на турската воена индустрија за ТАСС.

EPA-EFE

Во изминатите неколку дена неколку турски медиуми јавија дека рускиот ракетен систем бил тестиран на американски летала. На Јутјуб е објавена и видео-снимка на турскиот канал ТРТ на која се гледаат руските С-400 и американски авиони Ф-16 и Ф-4 од ноември 2019 година.

„Да, такви тестирања навистина се случија во ноември минатата година“, изјави изворот за ТАСС.

Русија потпиша договор за продажба на ракети системи С-400 на Турција, вреден 2,5 милиони долари.

САД и НАТО бараат од Турција да се откаже од договорот за купување руско оружје.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе