Ројтерс

Турција го спроведе првото тестирање на рускиот противракетен систем С-400 (ВИДЕО)

Турција денес го спровела првото тестирање на рускиот противракетен систем С-400, објави Ројтерс повикувајќи се на локални медиуми, иако тврдењата сѐ уште не се официјално потврдени.

EPA-EFE

Ракетите од системот С-400 биле испукани од градот Синоп на Црното Море, пренесува провладиниот портал А хабер, објавувајќи видео кое го снимиле локални жители.

На снимката се гледа трага од чад над населено место.

Во следните десет дена ќе бидат спроведени низа тестови, со користење на британските дронови „банши“, се наведува во извештајот.

Со вежбите ќе се провери можноста за ангажирање, откривање и следење на системот С-400, како и неговите системи за радар и комуникации.

Тест на радарските врски беше спроведен минатата година на воениот аеродром во Анкара со амеркански авиони Ф-16.

Турција ги разгневи сојузниците во НАТО со купувањето на рускиот противвоздушен систем минатата година, и покрај американската закана со санкции.

Вашингтон верува дека системот С-400 може да го компромитира американскиот стелт авион Ф-35.

Еден од најдобрите противвоздушни системи во светот, С-400 може да гаѓа мети одалечени околу 400 километри.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе