Турција го одби германскиот план за безбедна зона во Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го отфрли предлогот на германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер за воспоставување безбедносна зона по должината на сириско-турската граница под меѓународна контрола и го оцени како нереален.

„Сметаме дека тој предлог не е премногу реален“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата со германскиот министер за надворешни работи, Хаик Маас, во Анкара.

„Со ова не е засегната само Турција, сега на тоа подрачје се и режимот (на Сирија), Русија и други актери“, рече Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи на Турција ја повика меѓународната заедница да се фокусира на „хуманитарните теми“ и „елиминирање на теророт“ во Сирија.

„Сите велат дека тоа не е реален предлог... Луѓето во Сирија немаат време за теоретски дискусии“, рече тој.

Маас турската офанзива ја нарече „инвазија“, а Германија нема да одобри испорака на нова воена опрема во Турција што може да се користи во Сирија.

Турција е вознемирена од критиките на Германија за офанзивата, рече Чавушоглу, додавајќи дека Анкара очекува Берлин да „дејствува во духот на сојузот“ и „да ѝ се придружи на Турција во борбата против тероризмот“.

Маас рече дека Анкара го убедила Берлин дека ќе се придржува кон меѓународното право при преселувањето на 2 милиони сириски бегалци во „безбедната зона“ во североисточна Сирија.

Турција ќе ја управува ситуацијата на „хуманитарен начин“, рече Чавушоглу.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе