Намалени тензиите

Турција го намали бројот на бродови во источниот Медитеран, Грција вели дека е спремна за преговори

Турција го намали бројот на бродови во источното Средоземно Море, областа во која Грција ѝ го оспорува правото на дупчење за нафта и гас, соопштија денес властите на земјата.

EPA-EFE

Тензиите поради долгогодишниот спор се разгореа минатата недела откако Турција објави дека планира да испрати истражувачки брод јужно од грчките острови Родос, Карпатос и Кастелоризо.

Иницијативата на Турција ја критикуваа САД, Франција и други европски земји, а турскиот истражувачки брод остана вкотвен во пристаниште во Анталија.

Од грчката влада објавија дека Турција ги повлекува бродовите од источното Средоземје и додадоа дека Атина е понатаму спремна за преговори со Турција „во рамки на почитувањето на меѓународното право и добрососедските односи“.

Турција ја обвинува Грција дека се обидела да ја исклучи од експлоатацијата на минералите во Средоземјето, тврдејќи дека грчките острови не би смееле да бидат вклучени во пресметката на ексклузивните економски зони.

Атина смета дека ваквиот став на Турција претставува кршење на меѓународното право.

Турските власти велат дека планот за истражувачката мисија ќе остане на сила до 2 август.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе