Турција ги враќа терористите на ИСИС во Европа, Ердоган вели дека тоа е само почетокот

Турција во последната недела депортирала 15 „странски терористички борци“, вклучувајќи десетмина вратени во Германија, објави државната агенција Анадолу.

Меѓу терористите депортирани меѓу 11 и 19 ноември се наоѓаат и државјани на Данска, Британија, САД и двајца од Холандија. Некои се депортирани заедно со членови на семејствата.

Турција странските борци на Исламска држава во матичните земји почна да ги враќа на 11 ноември.

Анкара инсистира на тоа дека ќе продолжи тоа да го прави дури и во случаите кога нивните матични земји им го одзеле државјанството.

Две Холанѓанки кои наводно ја поддржувале Исламска држава биле уапсени веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Амстердам доцна во вторникот.

Едната од нив има холандско државјанство, а на другата ѝ е одземено. Тие се вратиле со две мали деца.

Првото ливе кое Турција минатата недела го депортираше беше американски државјанин со потекло од Јордан, кој бил уапсен за време на турската офанзива на североистокот на Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ова е само почетокот.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе