Турција ги отвори рестораните, лекарите предупредуваат дека сè уште не е време

Во Турција денес се отворени рестораните, а многу ученици се вратија во училиштата откако владата олабави некои мерки против коронавирусот и покрај растот на инфекциите, што го загрижи водечкото лекарско здружение во земјата.

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Претседателот Таип Ердоган го укина затворањето за време на викенд во градовите со низок и среден ризик и го ограничи затворањето на недела во областите со поголем ризик, што тој го нарече „контролирана нормализација“.

Сопствениците на кафулиња и ресторани, кои минатата година главно беа ограничени на испорака, долго време бараа да се отворат објектите бидејќи приходите на секторот се намалиле за 65 проценти. Тие исто така бараат ослободување од плаќање данок.

„Служевме 4.000 до 5.000 луѓе неделно. Сега со услугата за достава само 500 луѓе“, рече сопственикот на ресторанот Пидебан во Истанбул, Јусуф Каптаноглу, пред да биде објавено олабавувањето на рестриктивните мерки.

„Немав корист од ниту една поддршка, вклучувајќи и заем“, рече Каптаноглу.

Делумното враќање во училиштата е обезбедено ширум Турција.

Олабавувањето следи откако во понеделникот беа потврдени нови 9.891 случаи, најголем број од 11 јануари, покажуваат официјалните податоци. На крајот на јануари, дневно имало околу 6.000 нови случаи.

„Сè повеќе расте бројот на заразени со новите видови на коронавирус. Не гледаме услови за враќање во старото ‘нормално’“, порача на Твитер Здружението на турски лекари, повикувајќи на зголемено тестирање и вакцинација.

„Политичките и економските интереси не смеат да имаат предност пред човечкиот живот и науката“, додаваат тие.

Турција, која има околу 83 милиони жители, дистрибуираше 8,96 милиони вакцини во кампањата за вакцинација што започна во средината на јануари. Повеќе од седум милиони луѓе ја примија првата доза, а 1,89 милиони втората доза.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе