Турција загрижена поради нападот врз украинска Одеса, Русите го негираат нападот (ВИДЕО)

Турција соопшти дека е загрижена поради руските напади врз украинското пристаниште Одеса, еден ден откако Киев и Москва потпишаа договор во Истанбул за обновување на украинскиот извоз на жито, додека Русија негира каква било вмешаност.

Фото: скриншот

„Фактот дека таков инцидент се случи веднаш по договорот што го постигнавме вчера навистина нè загрижува“, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. Тој ги повика сите страни да ја продолжат соработката околу снабдувањето со жито.

Акар, исто така, рече дека руските власти ѝ рекле на Анкара дека немаат никаква врска со нападот на пристаништето во Одеса.

„Во нашите контакти со Русија, Русите ни рекоа дека немаат апсолутно никаква врска со тој напад и дека го истражуваат нападот многу внимателно и детално“, рече турскиот министер.

Во меѓувреме, Украина објави дека ракетниот напад врз Одеса не предизвикал сериозна штета.

Два руски проектили го погодија пристаништето, но не предизвикаа значителна штета, објави јавниот сервис Суспилна, повикувајќи се на украинската армија.

Беше погодена пумпна станица, а ударот предизвика помал пожар кој оштети куќи околу пристаништето, изјави портпаролката на јужната воена команда на Украина, Наталија Хумениук. Магацинот за жито не е погоден, додаде таа. Нема извештаи за жртви.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе