Трупите на КФОР се повлекуваат од административни премини на северот на Косово

Трупите на КФОР треба денес да се повлечат од премините Јариње и Брњак на административната линија меѓу Косово и Србија, бидејќи истекуваат двете недели од нивното доаѓање предвидено со договорот од Брисел.

EPA-EFE

Со тој договор беше воспоставен режим со лепенки за регистарските таблички.

КФОР пред две недели распореди свои сили на Јариње и Брњак за да ја одржува безбедноста и слободата на движењето.

Пред доаѓањето на КФОР од премините на 2 октомври се повлекоа специјалните полициски единици на косовската полиција РОСУ и барикадите кои ги поставија Србите незадоволни од одлуката на Приштина за реципроцитет за српските регистарски таблички и специјалците.

Од 4 октомври во осум наутро, како привремена мерка, почна привремената мерка како што беше договорено со посредство на ЕУ, додека не се најде трајно решение.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе