Ковид-19

Трупањето вакцини во богатите земји овозможува развој на нови соеви

Лидерите на земјите во развој предупредија на Генералното собрание на ОН дека трупањето вакцини против ковид-19 во богатите земји овозможува развој на нови соеви на коронавирусот, како и дека заразата повторно зема замав.

Фото: ЕПА

Филипините, Перу, Гана и многу други земји велат дека солидарноста потфрлила, а генералниот секретар на ОН нееднаквата распределба на вакцините против ковид-19 ја нарече „бесрамна“, пренесува Ројтерс.

„Богатите земји складираат вакцини, додека сиромашните земји ги добиваат на лажичка“, рече претседателот на Филипините, Родриго Дутерте.

„Сега тие веќе зборуваат за дополнителна вакцинација, додека земјите во развој ги делат дозите на половина за да ја прегрмат ситуацијата. Ова е шокантно и мора да се нарече со вистинското име - себичност, која не е ниту оправдана ниту морална“, рече Дутерте.

Околу 35 проценти од луѓето во светот што примиле барем една доза вакцина доаѓаат од земји со високи приходи, од кои 28 проценти се од Европа и Северна Америка.

Во меѓувреме, стапката на вакцинација во некои земји, како што се Хаити или ДР Конго, е помала од еден процент.

Африка е тешко погодена од т.н. вакцинален национализам, при што околу 900 милиони Африканци допрва треба да примат вакцина за континентот да достигне 70 проценти вакцинација.

Америка вчера вети дополнителни 500 милиони дози вакцини за други земји, а Кина две милијарди дози вакцини за остатокот од светот до крајот на годината.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе