Трудо против Макрон, слободата на изразување има свои граници треба да се трудиме никого да не повредиме

Канадскиот премиер Џастин Трудо во петокот ја бранеше слободата на изразување истовремено велејќи дека таа „не е без граници" и дека не би требало „произволно и непотребно да се повредуваат" одредени заедници.

Screenshot

„Секогаш ја браниме слободата на изразување“, рече канадскиот премиер одговарајќи на прашањето за правото на карикатурно прикажување на пророкот Мухамед, како што тоа го направи неделникот Шарли Ебдо.

„Но, слободата на изразување не е без граници“, рече Трудо на прес-конференцијата. „Ние мора да дејствуваме со почит кон другите и да се обидуваме да не ги повредиме произволно и непотребно оние со кои го делиме истото општество и истата планета“.

Дистанцирајќи се од позицијата на францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер повика на претпазливо користење на слободата на изразување.

„Во плуралистичко општество, разновидно какво што е нашето, треба да бидеме свесни за влијанието на нашите зборови, на нашите постапки врз другите, особено кога станува збор за заедници или популации кои сè уште живеат со огромна дискриминација“, рече Трудо.

Како што направи претходниот ден со лидерите на Европската унија, канадскиот премиер инсистираше на осуда на неодамнешните „ужасни и застрашувачки“ терористички напади во Франција.

„Ова е неоправдано и Канада со цело срце ги осудува овие постапки, секогаш стоејќи со нашите француски пријатели кои минуваат низ исклучително тешки времиња“, рече Трудо, критикуван во Канада за одложувањето на осудата на обезглавувањето на наставникот во Франција.

Канадскиот парламент во четвртокот им оддаде почит на загинатите во нападот во црквата во Ница, што се совпадна со гневот кон Франција и претседателот Макрон, кој завладеа на Блискиот исток поради неговата одбрана на правото на објавување карикатури од пророкот Мухамед во Франција.

Легенда под Главна слика

Screenshot

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе