КАНАДСКИОТ ПРЕМИЕР

Трудо побара папата да се извини за злоупотребата на Католичката црква кон децата-домородци

Канадскиот премиер Џастин Трудо побара од папата Франциско да ја посети Канада и да се извини за децениите злоупотреба претрпени од страна на домородните деца во училиштата водени од страна на Католичката црква.

Канадскиот систем на „станбени училишта“ е формиран кон крајот на 19 век за да се асимилираат домородците во канадското општество. Децата биле одделени од нивните семејства во обид да бидат лишени од нивните традиционални култури.

Во училиштата, на децата им било забрането да зборуваат на мајчиниот јазик и да ја практикуваат својата сопствена култура. Многу деца, исто така, биле жртви на физичко и сексуално малтретирање. Над 150.000 деца поминале низ овој образовен систем, а последното такво школо било затворено во 1996 година.

Извештајот од 2015 година на Канадската комисијата за вистина и помирување наведува дека она што се случувало во училиштата личи на „културен геноцид“. Во извештајот се повикува папата да им се извини на преживеаните, како дел од процесот на помирување.

„Му кажав на папата колку е важно за Канаѓаните да се движат кон вистинско помирување со домородните народи и истакнав дека тој може да помогне со тоа што ќе се извини“, изјави Трудо за новинарите по средбата со папата во Рим.

Тој рече дека го поканил папата да го направи извинувањето во Канада.

Трудо, кој е католик, изјави дека имал „длабок личен и широкоопфатен, промислен разговор со лидерот на неговата вера.“

Ватикан не го коментираше барањето. Сепак, Трудо рече дека разговорот „се фокусирал на теми за интеграција и помирување, како и на верската слобода и тековните етички прашања.“

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе