Илјадници луѓе евакуирани

Тропската бура Нејт ја погоди Централна Америка: 22 загинати, најмалку 20 исчезнати

22 лица загинаа, а најмалку 20 се исчезнати во тропската бура Нејт во Централна Америка, објавија локалните власти утрово, пренесе Би-би-си.

Бурата формирана во четвртокот во близина на брегот на Никарагва се движи кон Мексико и брегот на САД, а експертите предупредуваат дека може да прерасне во ураган.

Билансот на настраданите не е сеопфатен бидејќи седуммина се водат за исчезнати во Никарагва, осум во Коста Рика и три во Хондурас.

Голем број луѓе се евакуирани. Во Коста Рика е прогласена вонредна состојба, а во Никарагва домови на 10.000 луѓе се загрозени од поплави и свлечишта. Во Коста Рика 400.000 луѓе се без вода за пиење, а илјадници спијат во засолништа.

Во средиштето на бурата се очекуваат 38 до 50 сантиметри дожд.

Федералното биро на САД за безбедност и заштита на животната средина во Њу Орлеанс објави дека нафтени компании почнаа да го евакуираат персоналот на производните платформи во Мексиканскиот Залив.

Нејт би можел да биде трет ураган што ќе ги погоди САД за помалку од два месеци.

Во Централна Америка сезоната на дожд ќе трае до ноември.

 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе