Тројно убиство во Белград, телата најдени во септичка јама (ВИДЕО)

Белградската полиција синоќа околу 23 часот нашла три тела во септичка јама зад шопинг центар во Сурчин. Како што неофицијално дознава Вечерње новости, Драгослав Јовановиќ кој пред неколку дена ја убил својата сопруга а потоа и себеси, е осомничен дека ги убил и трите лица чии тела се најдени во септичката јама.

Како што пишува српскиот весник, станува збор за бизнис соработник на Јовановиќ, 42-годишниот Ш.Н., неговата мајка Ш.Д. и тетката П.М. Убиецот наводно пред да ги убие се изживувал врз нив.

Трите лица исчезнале на 10 јуни. Три дена подоцна Јовановиќ ја убил сопругата и извршил самоубиство. Дека има врска со трите исчезнати лица, се посомневал неговиот татко.

„Телата во лоша состојба се извлечени од водата. На нив се гледаат знаци на насилна смрт. Обдукцијата ќе покаже кога се убиени и со каков предмет“, изјавил извор близок до истрагата за српски Телеграф.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе