Малезискиот авион над Украина

Тројца Руси и еден Украинец обвинети за убиство со соборувањето на МХ17

Четири лица се првите што ќе бидат обвинети за смртта на 298 луѓе што летаа над Украина.

Првпат откако авионот на Малезија ерлајнс МХ17 беше соборен во јули 2014 година, обвинителите соопштија дека поднесуваат обвиненија против осомничените во случајот.

Тројца Руси и еден Украинец се обвинети за превезување проектил во областа и за убиство на 298 патници и членови на екипажот.

Патничкиот лет MХ17 се одвиваше од Амстердам до Куала Лумпур кога беше соборен над Украина, во која тогаш имаше конфликт.

Судскиот случај ќе почне во Холандија на 9 март 2020 година.

Меѓународни потерници за апсење се издадени за четворица мажи.

Заедничкиот истражен тим предводен од Холандија ги именува мажите: Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олег Пулатов од Русија, како и украинскиот Леонид Карченко.

Истражниот тим, кој се обидува да ги суди осомничените според холандскиот закон, претходно изјави дека има „долга листа“ на лица од интерес и повторно повика да се јават сведоци додека трае истрагата.

 

Кои се четворицата осомничени?

Игор Гиркин (исто така познат како Стрелков) е поранешен полковник на ФСБ - руската разузнавачка служба, велат обвинителите. Тој ја доби титулата министер за одбрана во бунтовничкиот источноукраински град Доњецк. Се верува дека е највисокиот воен офицер во областа што бил во директен контакт со Руската Федерација. Тогаш Гиркин рече: „Можам само да кажам дека милицијата не го собори боингот.“

Сергеј Дубински (познат како Хмуриј), кој беше вработен во воената разузнавачка агенција ГРУ, му беше заменик на Гиркин, а исто така и во редовен контакт со Русија, според обвинителите.

Олег Пулатов, познат како Ѓурза, е поранешен војник на Спецназ ГРУ - специјалните сили на воената разузнавачка служба на Русија - и бил заменик-шеф на разузнавачката служба во Доњецк, соопшти тимот.

Украинецот Леонид Карченко нема воено минато, но предводеше борбена единица како командант во источна Украина, објавија обвинителите.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе