Ќе платат парични казни

Тројца поранешни американски разузнавачки агенти признаа учество во хакерска операција во име на ОАЕ

Тројца поранешни американски разузнавачки агенти признаа дека во име на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) учествувале во хакерска операција насочена против непријатели и ривали на оваа заливска држава, објави американското министерство за правда.

Фото: ЕПА

Марк Баер (49), Рајан Адамс (34) и Даниел Герик (40) ќе платат парични казни во вкупен износ од 1,7 милиони долари, колку што заработиле работејќи за ОАЕ.

Тројцата работеле за американската разузнавачка служба, вклучувајќи ја и НСА, американската воена разузнавачка агенција, пред да учествуваат во сајбер нападите на една емиратска компанија поврзана со владата на ОАЕ врз различни цели од 2016 до 2019 година.

Една од овие хакерски операции им овозможила пристап до „десетици милиони“ паметни телефони.

На обвинетите им е забранет пристап до американските разузнавачки податоци и им е забрането повторно да се бават со хакерски операции.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе