ПРОТЕСТИ ВО УКРАИНА

Седум полицајци меѓу 18-те мртви во Киев, центарот на градот гори (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку 18 лица се мртви во Киев - хаосот се врати во украинскиот главен град, откако демонстрантите ја нападнаа полицијата, освојуваа згради, палеа возила и автомобилски гуми. Седум полицајци се меѓу загинатите, од кои сите умреле од прострелни рани.

 

Демонстрантите и полицијата во центарот на Киев вечерва разменуваат чадни и парализирачки бомби, додека нов бран насилство го разорува украинскиот главен град. И покрај тоа што демонстрантите немаат јасни барања, опозицијата постојано врши притисок за оставка на претседателот.

Бројот на полицајците убиени во насилните денешни судири се искачил на седум, рече украинскиот министер за внатрешни работи, пренесува Раша тудеј.  Според Министерството, 135 полицајци биле однесени во болница, од кои 35 се во критична состојба.

Во западниот украински град Лвов е прогласена општа мобилизација, според објавеното на фејсбук-страницата „Euromaidan Lvov“. Активистите биле повикани во Киев за да учествуваат во протестите најмалку три дена. Локалните опозициски пратеници го најавиле времето кога група автобуси со демонстранти ќе бидат испратени во Киев. Во меѓувреме, демонстрантите во Лвов се обидуваат да ги блокираат сите локални воени инсталации со гуми и со градежни материјали.

Најмалку 185 луѓе што учествувале во немирите во централен Киев побарале медицинска помош, соопштил градскиот оддел за јавно здравство. Според нив, 89 луѓе биле хоспитализирани поради разни повреди.

Претходно лидерот на украинската опозициска партија Баткившчина (Татковината), Арсениј Јацењук, побарал од претседателот Виктор Јанукович да прогласат примирје до утрото, објави Итар-Тасс. Јацењук апелирал до Јанукович зборувајќи од бина среде судирите меѓу вооружените демонстранти и полицијата.

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе рекол дека зборувал по телефон со в.д. украинскиот премиер и дека овој ветил дека нема да биде употребено оружје против антивладините демонстранти во Киев. Филе рекол дека бил „потресен“ од сликите од денешните судири во градот.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе