Објавен идентитетот на напаѓачот

Tројца мртви во пукањето во трамвајот во Утрехт, полицијата трага по напаѓачот (ФОТО)

Безбедносните мерки ширум Холандија се засилени додека полицијата вели пукањето може да има терористички мотив.

Вооружена полиција изврши претрес на повеќе згради во холандскиот град Утрехт по пукањето во трамвајот при што најмалку три лица се убиени, а девет повредени, некои од нив сериозно.

„Не може да се исклучи терористичкиот мотив во инцидентот“, што се случи околу 10.45 часот изутринава на централна трамвајска станица, за новинарите изјави портпаролот на полицијата Бернхард Јенс од местото на настанот.

Градоначалникот на Утрехт Јан ван Заен преку видео соопштение изјави дека најмалку три лица се убиени во нападот, а уште деветмина се повредени. Холандските медиуми објавија снимки од тело на земја покриено со бел чаршав, а новинарите рекоа дека најмалку 20 лица се примени во болница за лекување, пренесе Гардијан.

Полицијата во Утрехт објави фотографија од осомничениот од надзорна камера, кого го именуваа како Ѓукмен Танис, на возраст од 37 години, роден во Турција, и ги предупредија луѓето самите да не му приоѓаат, туку да ги алармираат властите ако го видат. Тие, исто така, апелираа за фотографии на сведоци.

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека сите напори се насочени да се фати „осомничениот или осомничените“, но не ги повтори сугестиите за терористички мотив.

„Нашата земја денес е шокирана со нападот во Утрехт“, рече тој. „Полицијата и обвинителите истражуваат што точно се случило“.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе