Тројца мажи спасени од остров во Пацификот откако напишале СОС на песокот (ВИДЕО)

Тројца мажи се спасени од мал пацифички остров откако напишале џиновски СОС-знак во песокот, кој бил забележан одозгора, соопштија властите.

Мажите речиси три дена биле исчезнати во Микронезискиот архипелаг кога трагачи во австралиски и американски авион во неделата го забележале нивниот сигнал за неволја на ненаселениот остров Пајклот, соопшти во понеделникот австралиското министерство за одбрана.

Мажите на 30 јули тргнале во 7-метарски брод и планирале да патуваат околу 43 километри до еден до друг корален остров кога скршнале од курсот и им снемало гориво, соопшти министерството.

Трагачите во Гуам побарале помош од Австралија, па воениот брод Канбера, кој се враќал кон Австралија од вежби на Хаваите, се пренасочил кон областа и ги здружил силите со американските трагачи од Гуам.

Мажите биле пронајдени на околу 190 километри од местото каде што тргнале, биле во добра состојба, а еден австралиски воен хеликоптер успеал да слета на плажата и да им даде храна и вода. Микронезиски патролен брод се упатил да ги собере.

СОС е меѓународно признаен сигнал за тревога, кој потекнува од Морзеовата азбука.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе