Во близина на аеродром во Кабул

Тројца хрватски војници ранети во самоубиствен напад во Авганистан

Според изјавите на очевидци, дошло до залетување на бомбаш-самоубиец со трицикл во блиндирано, невоено возило во кое се наоѓале тројца припадници на Хрватската војска.

Тројца хрватски војници утрово се повредени во напад на бомбаш-самоубиец на возило на хрватската војска во Кабул во Авганистан, соопшти хрватското Министерство за одбрана.

„Според најновите информации, еден војник (27) се здобил со тешки телесни повреди на главата и се наоѓа во животна опасност, додека другите двајца војници (27 и 32) претрпеле сериозни повреди, но се вон животна опасност“, рече министерот за одбрана, Дамир Крстичевиќ на вонредна прес-конференција во Загреб.

Нападот се случил во близина на аеродромот во Кабул, кога, според очевидци, дошло до залетување на трицикл со бомбаш-самоубиец во блиндирано, невоено возило во кое се наоѓале три припадници на хрватската војска.

Крстиќевиќ истакна дека се работи за изолиран напад и додаде дека другите членови на хрватскиот контингент се безбедни.

Ранетите војници се дел од командата на специјалните сили задолжени за советување во авганистанскиот тренинг центар за обука на специјална полиција.

На прес-конференцијата е наведено дека повредените војници се млади, но искусни и дека ја поминале целата неопходна обука.

Тие се во Авганистан од март оваа година, како дел од десеттиот хрватски контингент во рамки на мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“.

Хрватскиот контингент има околу 100 припадници.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе