Тројца членови на екипажот на американски воен брод извршиле самоубиство

Американската воена морнарица за Си-ен-ен вчера потврди дека минатата недела тројца морнари, кои вршеле должност на носачот на авиони УСС Џорџ Х.В. Буш, извршиле самоубиство во „одделни инциденти", додавајќи дека е започната истрага.

Винсент Форлин, специјалист за авијациско оружје, пронајден е мртов на 14 септември надвор од подрачјето на воената база и беше откриено дека се работи за самоубиство, изјави вчера Џенифер Крег, портпаролка на Воздухопловството на воената морнарица.

Главниот нуклеарен техничар Џејмс Шелтон и офицерот за воздухопловство Етан Стујарт се застрелале на 19 септември надвор од базата во „одделни инциденти“.

Засега, морнарицата смета дека смртните случаи не се поврзани, бидејќи споменатите техничари и офицери работеле во различни оддели на истиот брод.

Бројот на потврдени и можни самоубиства во американската воена морнарица во 2018 година го достигна својот 10-годишен максимум. Тогаш самоубиство извршиле 66 активни вработени во морнарицата и 57 маринци. За уште 18 маринци од резервните сили е потврдено или се сомнева за самоубиство.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе