Трка за нов британски премиер: Сунак ја критикува Кина, Трас ветува раст

Воочи денешната телевизиска дебата, кандидатот за наследник на британскиот премиер Риши Сунак упати обвинувања против Кина, која ја опиша како најголема долгорочна закана за Британија, додека неговата противкандидатка Лиз Трас најавува дека нејзиниот главен фокус ќе биде стимулирање на растот.

Фото: ЕПА

Поранешниот британски министер за финансии Сунак ја обвини Кина дека „ја краде нашата технологија и се инфилтрира во нашите универзитети“ додека се обидува да се позиционира против својата противкандидатка Трас, кој на чело на британската дипломатија имаше можност да го заостри тонот кон Кина.

Кампањата на двајцата финалисти, од кои едниот треба да го замени поранешниот премиер Борис Џонсон, кој беше принуден да ја напушти власта по серијата скандали, исто така се сврте кон теми блиски до десницата, како што е имиграцијата.

Сунак ветува, доколку биде избран, затворање на 30 Конфучиеви институти во Велика Британија финансирани од кинеската влада. Нивната примарна улога е да го промовираат кинескиот јазик и култура, но некои конзервативни пратеници ги обвинуваат дека служат за пропагандни цели и се занимаваат со шпионажа.

Во соопштението за печатот, Риши Сунак оценува дека Кинезите „ја поддржуваат Путиновата фашистичка инвазија на Украина со тоа што ја купуваат неговата нафта и се обидуваат да ги заплашат соседите, како што е Тајван“.

Тој вели дека Кина се обидува да им наметне „непремостлив долг“ на земјите во развој и дека сопствениот народ, особено во Ксинџијанг и Хонг Конг „го измачува, затвора и индоктринира“.

„Ќе ја спречам Кина да ја преземе контролата врз нашите универзитети и на британските јавни компании и институции ќе им ја овозможам потребната сајбер безбедност“, продолжи тој.

Меѓу ветувањата на Сунак е создавање меѓународна коалиција, по моделот на НАТО, за одбрана од технолошки напади од Кина, развој на поддршката за МИ5 - внатрешната разузнавачка служба на Велика Британија - на компаниите и универзитетите за „спротивставување на кинеската индустриска шпионажа“ или дури и спречување на кинеските превземања во клучните сектори.

Гласањето по пошта е отворено за 200.000 членови на Конзервативната партија и треба да започне на 5 август и да заврши на 2 септември, пред да бидат објавени резултатите на 5 септември.

Анкетите на јавното мислење меѓу членовите на Конзервативната партија, кои ќе го изберат новиот лидер кој потоа ќе стане премиер, ѝ даваат поголема предност на Лиз Трас. Во понеделник таа ќе ги претстави своите планови, чиј главен фокус ќе биде стимулирање на растот во време на пораст на инфлацијата и можна рецесија.

Во изјавата, Трас рече дека ќе ги претстави своите планови, кои, доколку биде назначена за премиер, ќе вклучуваат работа со локални заедници на идентификување на местата за повторен развој во инвестициските зони.

Таквите зони ќе имаат ниско даночно оптоварување за поттикнување инвестиции и градежништво, намалени ограничувања за планирање и приспособени регулативи за поттикнување „индустрии со висока вредност“ како што е вештачката интелигенција.

„Со создавањето на овие нови инвестициски зони, конечно ќе им докажеме на компаниите дека сме фокусирани на нивната иднина и ќе ги мотивираме да поттикнуваат инвестиции кои ќе им помогнат на вредните луѓе“, рече Трас.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе