Анкета на Њујорк тајмс

Трка за номинација меѓу демократите: Анкетите му даваат предност на Сандерс

Десет дена пред првите предизбори за кандидат на Демократската партија за американските претседателски избори годинава, во државата Ајова анкетите му даваат предност на сенаторот на Вермонт Берни Сандерс, а потоа следат Пит Бутиџиџ, поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и сенаторката на Масачусетс Елизабет Ворен.

Изборите во Ајова се одржуваат на 3 февруари и се првите во долгиот процес на партиската номинација за претседателските избори на крајот на годината.

Според анкетата на Њујорк тајмс, Берни Сандерс има предност, а го поддржуваат 25 отсто од демократските гласачи. Следи Бутиџиџ од Индијана со 18 отсто, па Бајден со 17 отсто и на крајот е Ворен со 15 отсто.

За разлика од Бајден, чија популарност не се менува, Бутиџиџ во последно време е во подем.

По повеќе од една година кампања, се покажува неизвесност во трката за номинацијата за лидер на демократите, оценува Њујорк тајмс.

Победа на Сандерс во Ајова, каде што го победи Хилари Клинтон на претходните избори пред четири години, би можела да значи големо враќање за 78-годишниот политичар кој минатиот октомври имаше срцев удар.

Ако победи и на следните избори во Њу Хемпшир, каде што ќе се гласа по Ајова, Сандерс би бил многу блиску до номинација, проценува Њујорк тајмс, но потсетува и дека милијардерот Мајкл Блумберг, кој на кампањата потроши повеќе од 260 милиони долари, ги чека таканаречените предизбори во „супер вторникот“ на почетокот на март за да се впише во демократската трка за гласачи.

Според анкетата на Њујорк тајмс, Пит Бутиџиџ има најголеми шанси за победа против Доналд Трамп, а го следи Бајден.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе