Трка со времето во Шпанија: двегодишник шести ден во дупка длабока 100 метри (ВИДЕО)

Спасувачите се тркаат со времето и се обидуваат да го најдат двегодишното момче што падна во бунар во јужна Шпанија. Тоа при семејна прошетка паднало во дупката длабока над 100 метри, а широка само 25 сантиметри, пишува Би-би-си.

На местото на несреќата се собираат сѐ повеќе луѓе, кои им даваат поддршка на родителите за малиот Хулен, а спасувачите работат деноноќно.

Бидејќи момчето падна во дупката пред шест дена, во неделата на 13 јануари, големо прашање е дали е сѐ уште живо, но родителите и спасувачите не губат надеж.

Таткото, Хозе Росело, кажа дека тој и неговата сопруга се со „скршени срца“ поради олку долгото чекање.

„Имам чувство дека спасувањето трае со месеци. Нема да се откажеме. Веруваме дека ангел ќе ни помогне и дека ќе го најдеме нашиот син жив“, им кажа Росело на новинарите.

Владината службеничка Марија Гамез кажа дека спасувачите споредиле ДНК од влакна од косата на Хулен која ја нашле во дупката со ДНК од шишето од кое пиел, што е потврдување дека момчето се наоѓа на дното на бунарот.

Но двегодишникот се наоѓа предлабоко за машините и опремата на спасувачите, а поради тврдата почва и камењата кои паднале кога момчето пропаднало во дупката работниците не можат да видат подлабоко од 70 метри длабочина.

Тие на таа длабочина забележале мало пакување од лижавче.

Спасувачите вчера почнале да копаат два тунели, едниот паралелен со бунарот, а другиот попречен. Се очекува да имаат пристап до најдлабокиот дел од дупката во рок од 24 до 48 часа.

Родителите неодамна доживеале уште една страшна трагедија – пред две години им починал другиот син, тригодишниот Оливер, поради проблеми со срцето.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе