ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО РУСИЈА

Триумф на партијата на Путин, Медведев брзо прогласи победа (ВИДЕО)

Рускиот премиер Дмитриј Медведев, лидерот на владејачката партија Единствена Русија, изјави дека партијата победила на изборите за пратеници во Долниот дом на рускиот парламент.

„Можеме смело да кажеме дека нашата партија апсолутно победи“, изјави Медведев во седиштето на партијата, половина час по затворањето на гласачките места, во присуство на рускиот претседател Владимир Путин, кој е неформален лидер на партијата.

Путин рече дека Единствена Русија ќе се потпира и на пратениците што победиле по мнозинскиот систем, како и дека ќе соработува со другите партии што влегуваат во Думата.

Фондот за јавно мислење синоќа соопшти дека според излезните анкети Единствена Русија добила 48,7 отсто, Комунистичката партија 16,3, Либерално-демократската партија 14,2 и Праведна Русија 7,6 отсто.

Фондот истакна дека другите партии не го поминале прагот од пет проценти.

„Ситуацијата е тешка и луѓето го чувствуваат тоа и сакаат стабилност во општеството, во политичкиот систем“, рече Путин во изборниот штаб на владејачката партија Единствена Русија, јави ТАСС.

Тој го пофали добриот резултат што партијата го постигнала на изборите во неделата и порача дека народот гледа дека Единствена Русија прави најдобро што може за луѓето.

Можеби, рече тој, не секогаш успешно, но искрено и ефикасно, колку што може.

Путин гласаше на избирачкото место во зградата на Руската академија на науките во Москва. Одговарајќи на новинарско прашање за кого ќе гласа на изборите за државната Дума, Путин рече дека не се занимава со пропаганда на ден на изборен молк.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе