Трите омилени часовници на Мило Ѓукановиќ чинат 1,3 милион евра

Колекцијата на часовници на Мило Ѓукановиќ повторно дојде во фокусот откако Агенцијата за спречување корупција (АСК) ќе треба повторно да одлучува за неа врз основа на иницијативата на Мрежата за афирмација на невладиниот сектор (МАНС).

Фото: ЕПА

Засега е докажано дека поседува три вртоглаво скапи часовници, кои заедно вредат 1 милион и 376.364 евра. Фотографиите на кои Мило ги носи часовниците до црногорските медиуми ги достави неговиот некогаш близок пријател Душко Кнежевиќ, претседателот на групацијата Атлас, по кого е распишана потерница.

Првиот меѓу нив е „Патек филип скај мун турбијон“, вреден 1.150.659 евра. Куќиштето на овој часовник, изработен од 18-каратно злато, со дијаметар 42,8 мм и висина 16,25 мм, има златен бројчаник, како и антирефлексно сафирно стакло од предната и задната страна. Бидејќи тие се со многу сложен дизајн и секој содржи вкупно 686 подвижни компоненти, годишно се произведуваат само три до пет часовници од оваа серија, пишува Лукс лајф.

Поседува и Бреге́ турбијон 3795пр/1e/9в6 со вечен календар, чија цена е 158.371 евро. Куќиштето на часовникот е изработено од 18-каратно розово злато, а неговиот бројчаник е од 18-каратно злато. Водоотпорен е и содржи 21 скапоцен камен.

Последниот од колекцијата за која се знае дека е во сопственост на Ѓукановиќ е машкиот часовник „Улис нардан класик скелетон турбијон 17к 1700-129/03“, кој чини 67.334 евра. Целиот е направен од 18-каратно бело злато, рачно насликан и исто така водоотпорен.

Дали ќе му бидат одземени часовниците?

Управниот суд ѝ наложи на АСК повторно да одлучи за иницијативата по повеќе од две години откако тогашниот директор Сретен Радоњиќ ја отфрли иницијативата на МАНС, бидејќи, како што објасни тогаш, „проверката на податоците не откри никакви несогласувања со податоците што се чуваат во официјалната евиденција на другите државни органи“, пишува Вијести.

Исто така, се посочува дека АСК „паушално и произволно наведува дека за именуваниот јавен функционер биле проверени сите податоци по службена должност и дека при проверката не биле пронајдени отстапувања со податоците што се чуваат во официјалната евиденција“.

Пресудата на Управниот суд уште еднаш докажува до кој степен АСК била фокусирана на заштита на највисоките функционери од претходната влада кога станувало збор за гонење за очигледни прекршувања на антикорупциските закони.

Директорот на Истражувачкиот центар МАНС, Дејан Миловац, за Вијести вели дека ова е втор пат во последните шест месеци Управниот суд да ги прогласи за ништовни одлуките на АСК што се однесуваат токму на постапките на Агенцијата кон Ѓукановиќ.

„Од одлуките што беа оспорени пред Управниот суд, јавно е видлива намерата на Агенцијата да го поштеди Ѓукановиќ од обврските за почитување на Законот за спречување корупција. Управниот суд правилно констатираше дека образложението на Агенцијата за непостапување во случајот со скапите часовници не е во склад со законот и дека пропуштиле да побараат од Ѓукановиќ да се изјасни во врска со споменатите часовници. АСК се правдаше со тоа што нивните таканаречени проверки по службена должност не покажале несовпаѓање помеѓу имотот на Ѓукановиќ и податоците на институциите што водат официјална евиденција за тоа“, рече Миловац.

Тој нагласува дека, бидејќи во Црна Гора не постои институција што води евиденција за сопственост на часовници, АСК заклучила дека Ѓукановиќ не го прекршува законот со тоа што не пријавил сопственост на неколку часовници со вкупна повеќемилионска вредност.

„Се разбира, се работи за неверојатно количество глупост и намерно попречување на примената на законот, кој мора да биде ист за сите, вклучително и за претседателот“, посочува Миловац.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе