Кина

Тригодишно момче паднало од 6-ти кат, минувачи развлекле ќебе и го спасиле (ВИДЕО)

Тригодишно момче кое паднало од шести кат од зграда во Кина е спасено од станари и случајни минувачи кои развлекле ќебе и го ублажиле неговиот пад, јави кинеската државна телевизија ЦЦТВ.

На почетокот на видеоснимката, снимена од случаен минувач, се гледа дете како виси од балкон на зграда во градот Чонгкинг. Се обидувало да се искачи назад на балконот, но тоа никако не му успевало.

Под него се слушаат извици на група луѓе, а неколкумина се забележани како брзаат напред со ќебе во рацете.

„Погледнав нагоре и видов мало дете како виси од балконот. Моја прва реакција беше да пронајдам нешто со што би го фатил. Прво помислив да го фатам со раце, но сфатив дека тоа не би имало корист“, рече Зу Јануи, вработен во компанија која ги одржува зградите во областа.

„Го развлековме ќебето и следевме што се случува со детето. Погледнав во прекривката и се прашував дали можеме безбедно да го фатиме со неа. Единствената мисла ми беше да го спасам детето“, додаде тој.

Група луѓе стоеле во круг, држејќи го ќебето и го гледале момчето. Момчето набрзо паднало од шестиот кат, но ќебето го ублажило неговиот пад.

„Помогнав да го развлечеме ќебето. Десет секунди подоцна, момчето падна. Сè се случи многу брзо“, рече Џо Заобо, санитарен работник.

Според информациите на ЦЦТВ, луѓето кои го спасиле момчето биле станари на зградата, чувари и санитарни работници. Сосед го однел момчето во болница, а тригодишното дете поминало без сериозни повреди.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе