Три жртви во нападот со нож во Ница, една жена обезглавена (ВИДЕО)

Напаѓачот со нож кој извикувал „Алаху Акбар" обезглави жена и уби уште две лица во терористички напад во црква во францускиот град Ница во четвртокот, додека маж со пиштол бил застрелан од полицијата во посебен инцидент, пренесе Ројтерс.

Неколку часа по нападот во Ница, полицијата уби маж кој им се заканувал на минувачите со пиштол во Монтфавет, близу јужниот француски град Авињон. Тој исто така извикувал „Алаху Акбар“ (Бог е најголем), според радио станицата Европа 1.

Француските медиуми објавија дека најмалку три лица се убиени, а неколку се повредени.

Трето лице е убиено во бар пред базиликата каде што се криело.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси изјави дека осомничениот за нападот е уапсен, а Емануел Макрон во текот на денот ќе пристигне во Ница.

Тој додаде дека се работи за терористички напад врз градската базилика Нотр Дам и ги замоли жителите да ја избегнуваат областа за да им дозволат на полицијата и службите за итни случаи да ја вршат својата работа без прекини.

Француската телевизија Европа 1 објави дека маж нападнал неколку лица и обезглавил една жена. Истата информација ја објави Ројтерс, повикувајќи се на полициски извор.

Ле Паризиен известува дека антитерористичката единица ја презема истрагата за нападот затоа што се верува дека има терористички елементи.

Напаѓачот бил застрелан и ранет од градската полиција, а мажот потоа бил пренесен во болница.

Француските медиуми пренесуваат и дека напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ додека болничарите го лекувале и подготвувале за болница. Оваа информација ја потврди и градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, додаваат тие.

Според Ле Паризиен, мажот има околу 30 години и дејствувал сам.

Нападите во четвртокот, на роденденот на пророкот Мухамед, се одвиваат за време на сè поголемиот гнев на муслиманите од одлуката на Франција да го брани правото да се објавуваат карикатури, а демонстрантите во неколку земји со муслиманско мнозинство ја осудија Франција на улични собири.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе