Три жртви во Италија поради силниот ветер, снег го изненади југот (ФОТО+ВИДЕО)

Од последици на силен ветер денес во Италија загинаа три лица. Во покраината Лацио загинаа две лица, а неколку се повредени откако врз ниц се урнал ѕид, соопшти пожарникарската служба.

Во Рим и околината дрвја турнати од ветерот уништиле повеќе автомобили, а во еден таков инцидент загинал 45-годишен маж.

Силниот ветер предизвика проблеми во главниот град на Италија, присилувајќи ги власти да го затворат за посетители археолошкиот парк на римскиот Колосеум.

Невообичаено силен ветер дувал и во останатите делови на Италија. Во јужниот регион Абруцо, пак, падна снег, што е реткост за таа област.

Поради високите бранови во пристанишниот град Бари, во покраината Апулија се насука товарен брод. Поради лошите временски услови операцијата за негово отсукување ќе биде одложена.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе