Во регионот Банска Бистрица

Три жени загинале додека спасувале кучиња од поплава во Словачка

Словачката полиција соопшти дека три жени настрадале синоќа додека се обидувале од поплавата да спасат кучиња од засолништето во градот Ревуца, во регионот Банска Бистрица.

Тие настрадале кога ги повлекла силната струја на реката Муран, која поради обилните дождови се излеала од своето корито, информира полицијата на Фејсбук.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини денеска потврди дека сите три жени се мртви.

Телото на едната од жртвите било најдено во средата навечер, а денеска нуркачи и пожарникари од регионот Банска Бистрица трагаа по останатите две тела.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе