Три лица загинаа во пукање во две бразилски училишта

Поранешен ученик уби три лица и рани 13 со полуавтоматски пиштол кога упадна во две училишта во југоисточниот дел на Бразил, по што беше уапсен, соопшти државниот секретаријат за јавна безбедност.

Фото: ЕПА

Вчера напаѓач отвори оган врз ученици од приватно основно и средно училиште лоцирани на истата улица во малото гратче Аракруз во државата Еспирито Санто, при што уби двајца наставници и еден ученик.

Околу четири часа подоцна, полицијата го уапси напаѓачот, идентификуван како 16-годишно момче кое учи во државно училиште, изјави Ренато Казагранде, гувернерот на Еспирито Санто.

Снимките од безбедносните камери покажуваат дека напаѓачот носел панцир и отворил оган од полуавтоматски пиштол.

Гувернерот Казагранде изјави дека пиштолот му припаѓал на таткото на поранешниот студент, кој бил воен полицаец.

Тринаесет лица се повредени, меѓу кои и девет наставници, бидејќи убиецот влегол во учителската сала во училиштето откако ја скршил бравата.

Шестмина повредени, меѓу кои и две деца, вчера биле хоспитализирани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе