Три куршуми од грб: како агент на ФСБ брутално уби Чеченец во парк во Берлин

Пресудата на судот во Берлин со која рускиот државјанин Вадим Красников (56) беше осуден на доживотен затвор, ги разбуди страстите на релацијата Москва-Берлин. Новата германска министерка за надворешни работи протера двајца руски дипломати, додека Кремљ ја отфрли пресудата, најавувајќи дека ќе воведе „соодветни мерки“ за Германија.

Фото: ЕПА

Судот во Берлин во средата го прогласи Вадим Красников за виновен за убиството на грузискиот државјанин со чеченско потекло Зелимкан Кангошвили. Убиството се случило во 2019 година во Берлин, а германскиот суд смета дека Кангошвили е убиен по наредба на Москва.

Во пресудата се наведува дека руските безбедносни служби на Красников му дале средства за извршување на убиството и лажен пасош еден месец пред злосторството. Красиков пасошот со име Вадим Соколов го подигнал во рускиот град Брјанск, а потоа побарал виза и дошол во Берлин во август 2019 година.

Според сознанијата на обвинителот, Красиков бил командант на специјалната единица на Федералната служба за безбедност (ФСБ). Во барањето за виза навел дека работи во фирмата „Зао Руст“ од Санкт Петербург. Како што ќе се испостави подоцна, бројот на факсот на „Зао Руст“ го користеле две компании управувани од Министерството за одбрана на Русија, под чија контрола е и ФСБ.

Кангошвили беше убиен среде бел ден во 2019 година на пат кон џамија во малиот парк Тиргартен во Берлин. Обвинителите изјавија дека убиецот му пришол на Кангошвили на велосипед одзади и двапати го застрелал во торзото со пиштол „глок“ со придушувач. Жртвата паднала на земја кога напаѓачот го повлекол чкрапалото по трет и фатален пат. Германските инспектори велат дека убиството било „долго планирано“ и извршено „ладнокрвно“.

Регионалниот суд во Берлин ги сослуша сведоците, кои рекле дека ја алармирале полицијата откако виделе како маж фрла перика, облека и велосипед во блиската река. Информацијата им овозможила на полицајците да го уапсат осомничениот пред да успее да побегне од местото на злосторството со електричен скутер. Кај него биле пронајдени околу 3.700 евра и 110 полски злоти (околу 24 евра), со кои требало да ги плати трошоците во Берлин и по завршувањето на задачата да побегне од Германија.

Судот во Берлин објави дека Красиков сноси „особено тешка одговорност“, што значи дека нема да има право на условно ослободување по одлежувањето на 15 години затвор.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно ги опиша наводите како „апсолутно неосновани“.

Протерани дипломати, тензиите растат

По убиството на Кангошвили во 2019 година, Германија протера двајца руски дипломати, како причина наведувајќи го недостигот од соработка со истрагата. Овој потег ја поттикна Русија да протера двајца германски дипломати како одмазда.

Истото сценарио се случи и по изречената пресуда пред неколку дена, што предизвика бурни реакции од Москва. Рускиот амбасадор во Германија Сергеј Нечаев ја отфрли пресудата како „апсурдна“.

„Овој заклучок на судот предизвикува голема загриженост. Тоа очигледно е нељубезен чин, кој нема да остане без одговор“, рече Нечаев.

По неговите забелешки, министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го покани на разговор, а двајца членови на неговиот кабинет прогласи за „непожелни во Германија“.

Ова убиство е сериозно кршење на германскиот закон и суверенитетот на Сојузна Република Германија, предупреди Бурбок, додека Кремљ се подготвува за силен одговор.

Кој е Зелимкан Кангошвили?

Кангошвили е грузиски државјанин со чеченско потекло, кој се борел против руските војници во Чеченија, а руските власти го обвинија дека е член на екстремистичката организација „Емират Кавказ“.

Москва тврди и дека била вклучен во серија напади во 2009 година во Назран, главниот град на Република Ингушетија, но и дека бил вплеткан и во планирањето и организирањето на бомбашкиот напад на московското метро во 2004 година, кога загинаа десет лица. Пред две години рускиот претседател Владимир Путин го нарече Кангашвили „крвожеден терорист“.

Кангошвили, кој преживеа неколку обиди за убиство, во 2016 година со семејството побегна во Германија, каде што побара азил. Тој тврдеше дека и по пристигнувањето во Германија продолжил да добива закани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе