Три илјади луѓе од Србија го тужат НАТО

Две нови тужби против НАТО поради осиромашениот ураниум користен на Косово и Метохија, за време на бомбардирањето на СР Југославија во 1999, следната недела ќе бидат поднесени во суд во Белград.

EPA-EFE

Адвокатот Срѓан Алексиќ, кој во име на 3.000 луѓе ги поднесува тие тужби, во соработка со италијански адвокат, вели дека се подготвуваат уште тужби против Алијансата.

Претходната тужба, според него, е поднесена во јануари минатата година и ѝ е испратена на тужената страна, односно НАТО, но на неа сè уште нема одговор.

Во таа тужба се сите релевантни документи, докази, на англиски јазик е и даден е рок за изјаснување, објаснува Алексиќ, напоменувајќи дека покрај новите две тужби се подготвуваат и дополнителни.

На прашањето кој е поднесувач на тужбата против Алијансата, објаснува дека околу 3.000 луѓе се јавиле до сега, српски државјани, припадници на српската војска, резервисти, цивилно население кое било на Косово и Метохија за време на НАТО бомбардирањето. Исто така, додава адвокатот, тужбата е напишана во соработка со италијански адвокат, кој учествувал во 250 правосилни случаи, во кои суд донел одлука за отштета на италијанските војници кои поради осиромашениот ураниум развиле смртоносни болести.

Станува збор за тумор, многу специфичен и во сите случаи е докажано дека во нивната крв имало тешки метали. Истото, вели Алексиќ, е и кај српските војници, резервисти и цивили кои се наоѓале во зоните на фрлање бомби, со тоа што нивните случаи се уште потешки.

Доказите се цврсти, заклучува тој, наведувајќи дека врз основа на нив италијански суд донел 250 правосилни пресуди во корист на италијанските војници кои биле на Косово и Метохија за време на НАТО бомбардирањето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе