Три европски сили тврдат дека Иран произведува ураниум на речиси воено ниво

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Британија вчера изразија растечка загриженост поради можната воена димензија на иранската нуклеарна програма.

EPA-EFE

Тие ја изразија загриженоста по извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), во кој е наведено дека Иран го проширил своето производство на ураниум, кој сега е на речиси воено ниво, и дека државата за првпат произведува метален ураниум.

„Двете се клучни чекори кон развој на нуклеарно оружје, а Иран нема никаква цивилна употреба за тие мерки“, објавија портпаролите на министерствата.

Трите министерства истакнуваат дека иранските активности се „тешко кршење“ на иранскиот нуклеарен договор. Иран тој договор го потпиша во 2015, со трите европски сили и САД, Русија и Кина, а со него се согласи да ги ограничи своите нуклеарни активности во замена за укинување на економските санкции.

Вашингтон се повлече од договорот во 2018 под Доналд Трамп, кој ги врати санкциите. Една година подоцна Техеран постапно почна да ги почитува обврските од договорот.

Дипломатските обиди за наоѓање договор меѓу Иран и САД во Виена, седиштето на ИАЕА, траат од април годинава. Тие се прекинати на два месеци откако ирански претседател стана конзервативецот Ибрахим Раиси, кој го замени умерениот Хасан Рохани.

Техеран сè уште не се согласил на нов датум за продолжување на преговорите, кажаа европските министри, предупредувајќи дека новите чекори на Иран го отежнуваат враќањето на нуклеарниот договор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе