Изненадувачка нова анкета

Три децении по распадот на СССР, скоро половина Руси не се заинтересирани за „демократските вредности“

Повеќе Руси (47%) велат дека не им се важни демократските вредности, а помалку (44%) рекле дека им се важни, открива нова анкета, што е значајна промена од идентичното истражување направено пред три години од истата организација, Центарот Левада.

Фото: ЕПА

Во 2018 година, сличен процент (41%) од испитаниците рекоа дека им се важни демократските вредности, но бројот на оние што ги отфрлаат овие идеали значително се зголеми од само 38%, во она што анкетарот го нарече „поларизација во подем“. Преполовен е бројот на луѓето што не можат да дадат конкретен одговор.

Од сите возрасни групи испитани од Левада, која е регистрирана од Министерството за правда на Русија како странски агент поради нејзиното добивање средства од Западот, младите од 18 до 24 години најверојатно ќе се изјаснат како демократи (50%).

Анкетата доаѓа еден месец по парламентарните избори на кои владејачката партија Единствена Русија го задржа уставното мнозинство и покрај обвинувањата од опозициските групи, како што се комунистите.

Истражувањето, исто така, откри и дека само еден од пет Руси (18%) се опишува како левичар, а граѓаните на возраст од 55 години и постари најмногу ги поддржуваат социјалистичките идеали.

Левада, исто така, ги споредила резултатите од анкетата со наклонетоста на испитаниците кон политичките партии и откри дека поддржувачите на комунистите и левоцентристичката партија Праведна Русија се со најмала веројатност да се окарактеризираат како демократи, а гласачите за новоформираната партија Нови луѓе најмногу ги поддржуваат демократските идеали.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе