Tретина од храната во светот се фрла, 768 милиони луѓе гладуваат

Милијарди луѓе се со прекумерна тежина, милиони се гладни, една третина од храната се фрла, а начинот на кој светот ја произведува, ја преработува и ја консумира храната создава една третина од емисиите на стакленички гасови, рече вчера на првиот глобален самит за иднината на храната генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Фото: ЕПА

Целта на самитот е да постигне напредок во врска со 17 цели за одржлив развој, кои ОН ги состави во 2015 година како сеопфатна листа на задачи, вклучително и ставање крај на гладот и сиромаштијата, постигнување родова еднаквост и преземање дејства за климатските промени, објави Ројтерс.

Гутереш на самитот, кој се одржа виртуелно поради пандемијата на коронавирусот, на маргините на Генералното собрание на ОН на високо ниво, рече дека системите за храна треба да го поддржуваат здравјето и благосостојбата на сите луѓе, да ја заштитат планетата и да го поддржат просперитетот. „Како глобална заедница, мора да го промениме својот пристап за земјоделските субвенции и поддршката за вработување работници“, рече тој. „И мора да се преиспитаме како ја гледаме и ја цениме храната - не само како стока со која се тргува, туку како право што го дели секој човек“, додаде Гутереш.

Откако речиси пет години беа непроменети, гладот и неухранетоста во светот се зголемија за околу 118 милиони луѓе минатата година, на 768 милиони, а најголемиот пораст веројатно е предизвикан од пандемијата, се вели во извештајот на ОН.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе