Третата доза на Фајзер го намалува ризикот од зараза за дополнителни 80 проценти

Третата доза од вакцината против коронавирус на Фајзер го намалува ризикот од зараза за дополнителни 80 или повеќе проценти преку заштитата што ја обезбедуваат првите две дози, велат истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил во американската сојузна држава Конектикат.

Фото: ЕПА

„Проценивме дека ризикот од заразување е намален за дополнителни 83 до 87 проценти најмалку две недели по примањето на засилувачката доза“, потврдија истражувачите предводени од Даниел Вајнбергер од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил, според ЈАМА интернал медисин.

Си-ен-ен објави дека тимот на Јеил, преку здравствената служба Макаби во Израел, следел повеќе од 300.000 луѓе на возраст од 40 и повеќе години што примиле две или три дози од вакцината Фајзер/Бионтек.

Истражувачите откриле дека 6,6 отсто од луѓето што примиле две дози од вакцината и 1,8 отсто од оние што примиле три дози биле позитивни од август до почетокот на октомври, што претставува намалување на ризикот за 86 отсто.

„Делта-сојот на САРС-КоВ-2 беше доминантниот вид во Израел во текот на летото 2021 година (одговорен за повеќе од 99% од случаите) и предизвика рапидно растечки број случаи, голем дел кај вакцинирани лица. Националната кампања за вакцинација со трета доза (засилувачка) беше покрената во Израел на 1 август 2021 година“, напиша тимот.

„До 4 октомври 2021 година, повеќе од 3,6 милиони поединци добија засилувачка доза“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе