Според анкетите

Трас веќе е понепопуларна отколку што некогаш бил Борис Џонсон

Новата британска премиерка Лиз Трас веќе е понепопуларна отколку што кога бил нејзиниот претходник Борис Џонсон или поранешниот лидер на Лабуристичката партија Џереми Корбин, покажува анкета на Југов чии резултати се објавени вчера. Само 14 отсто од Британците сега имаат позитивен став за премиерката, што е значително помалку во однос на 26 отсто во претходната анкета направена на 21 и 22 септември.

EPA-EFE

Речиси три четвртини, односно 73 отсто од Британците, сега имаат негативно мислење за работата на премиерката. Повеќе од половина, 55 отсто, имаат многу негативно мислење за Трас. Тоа е полош рејтинг од најлошиот на Џонсон или Корбин. Во анкетата на Југов на 1 и 2 октомври учествувале 1.751 анкетиран.

Лиз Трас вети вчера дека ќе ја извлече својата земја од тешкиот период кој претстои зборувајќи за „тешки денови“ додека ги изнесуваше своите планови за поттикнување на економскиот раст. Во својот говор на конференцијата на Конзервативната партија, обележана од пресврти и внатрешни поделби, премиерката призна дека нејзините политики ќе предизвикаат нарушувања, но инсистираше дека „статусот кво не е опција“.

„Мораме да ја одржиме насоката“, кажа Трас. Британската премиерка го одржа говорот по финансиските и политички превирања околу контроверзниот владин мини-буџет. Обидот да се намалат даноците за 45 милијарди фунти и да се зголеми трошењето на владата предизвика хаос на финансиските пазари и би можел да предизвика пораз на партијата на изборите.

Таа мораше да се откаже од укинување на највисоката стапка на данок од 45 отсто, а потоа пратениците и министрите отворено ја нападнаа за други политички области, што многу се разликува од дисциплината која можеше да се види минатата недела на конференцијата на опозициските лабуристи, кои сега сигурно водат во анкетите.

Говорот на Трас траеше околу 35 минути, што е помалку од вообичаеното за говор на партиски лидер на конференција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе