Имено, според последните извештаи, има сè поголем број учесници на таа забава кои по неа се позитивни на ковид-19, пишува Форбс.
Така, во последната недела на коронавирус се позитивни директор на Белата куќа Брајан Џек и друг вработен во канцеларијата за политички работи на Белата куќа, поранешната асистентка во кампањата на Трамп, Хели Баумгарднер, секретарот за домување и урбан развој Бен Карсон и советникот за Трамповата кампања Дејвид Боси. Сите горенаведени службеници биле на забавата на Трамп.
Исто така позитивен на ковид-19 е претставник на канцеларијата на Белата куќа Марк Медоус, кој е фотографиран како се дружи со други учесници на прославата без заштитна маска на лицето.
Белата куќа одби да ги коментира овие случаи.
Ова не е прво такво жариште во Белата куќа. На 26 септември, Трамп приреди настан на кој е објавено дека неговата кандидатка за Врховен суд е Ејми Кони Берет. На настанот имало околу 200 лица, а подоцна се дозна дека најмалку 40 учесници и нивни контакти се заразиле со ковид-19 по настанот. Главниот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи изјави дека станува збор за „настан-суперпреносител“.
Меѓу оние кои биле позитивни на коронавирус кратко по прославата во септември е и самиот Доналд Трамп, како и неговата сопруга Меланија и нивниот син Барон и портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани.