Претседателот на САД во болница поради коронавирусот

Трамповата хоспитализација ја разниша претседателската кампања

Хоспитализацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради коронавирусот дополнително ја разниша претседателската кампања пред ноемвриските избори.

EPA-EFE

Трамп утринава беше префрлен во воената болница Волтер Рид во Бетесда, во американската држава Мериленд.

Американскиот претседател добил доза од лекот ремдесивир, објави лекарот на Белата куќа Шон Конли, додавајќи дека Трамп е „многу добро“.

Во време кога Трамп е префрлен во воената болница, демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден ја продолжи кампањата во градот Гранд Рапидс во Мичиген, но ги тргна огласите кои го критикуваат Трамповиот начин на борба против коронавирусот.

„Ова не може да биде партиски момент. Ова мора да биде американски момент. Мораме да се обединиме како нација“, изјави Бајден во Гранд Рапидс, предупредувајќи дека вирусот „нема автоматски да исчезне“.

Иако Бајден вети дека ќе го продолжи својот внимателен пристап на кампањата за време на пандемијата, дијагнозата на претседателот дополнително ја зголеми неизвесноста на изборите кои веќе беа оптоварени од кризите кои експлодираа под надзорот на Трамп: пандемијата, страшниот економски пад и граѓанските немири.

Развојот на настаните се поклопува со она на што Бајден со месеци го става акцентот, и што им оди од рака на републиканците: на Трамповиот несразмерен одговор на пандемијата кој уби повеќе од 205.000 луѓе во Соединетите Американски Држави.

Трамп често ја намалуваше опасноста од пандемијата на вирусот, избегнуваше да носи маска во јавност, а на неговите митинзи луѓето не се придржуваа до препорачаните епидемиолошки мерки.

Бајден и други демократски активисти и функционери му посакаа на Трамп брзо опоравување, иако некои не можеа да не го прекорат републиканскиот претседател, кој во поголемиот дел од годината ги игнорираше препораките на сопствената администрација за општествената безбедност.

„Влегувањето во гужби без маска, и сѐ останато беше некако дрзок повик сето ова да се случи“, кажа претседателката на Претставничкиот дом Ненеси Пелоси.

Белата куќа соопшти синоќа дека Трамп ќе мине неколку дена во воената болница, неговиот лекар соопшти дека Трамп бил „уморен“ и дека му е вбризгана експериментална комбинација синтетички антитела која е сѐ уште во клинички тестирања.

Од изборниот штаб соопштија дека сите закажани настани на Трамп во кампањата се префрлаат на социјалните мрежи, или привремено се одложуваат.

Трамповиот менаџер на кампањата Бил Степиен и претседателката на Републиканскиот национален комитет Рона Мекданиел исто така се позитивни на коронавирусот. Но потпретседателот Мајк Пенс, кој е негативен на вирусот, ќе присуствува на настаните од кампањата како што е планирано.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе