Трампов функционер поради мигрантите ги смени стиховите на песната на Статуата на слободата

Еден од водечките американски функционери за имиграција го измени цитатот врежан во Статуата на слободата со цел да ги заштити новите закони кои на легалните мигранти им го забрануваат правото на помош во храна.

Вршителот на должноста директор на американската служба за државјанство и имиграција Кен Кучинели го ревидираше текстот: „Дајте ми ги своите уморни, своите сиромашни, своите збиени маси, кои чезнеат да дишат слободно“ додавајќи ги зборовите „и кои знаат да стојат на свои нозе и да не бидат терет на државата“, пренесе Би-би-си.

Промената на цитатот уследи по одлуката на администрацијата на Трамп со која на мигрантите им се негира правото на помош во храна.

Кучинели вчера изјави дека станува збор за „ново јавно обвинение“ кое на легалните мигранти им го ограничува правото на одредени социјални придобивки, како што се домување во јавни институции или помош во храна.

Новата регулатива, позната како „правило на јавно обвинение“ е издадена од Федералниот регистар и ќе се применува од 15 октомври.

Целта на регулативата е да се промовираат идеалите за „самодоволност“, додека критичарите тврдат дека е дополнително отежнување на веќе тешките животи на многу мигранти во САД.

Во интервју за радиото НПР, Кучининели бил запрашан дали смета дека зборовите на песната на Ема Лазарус од 1883 година врежани во Статуата на слободата на островот Елис се уште вредат и дали се дел од американското поимање на етичко однесување, на што тој одговори: „Секако, дајте ми ги своите уморни и сиромашни кои знаат да стојат на своите нозе и да не бидат трошок за државата“.

„Таа плоча е поставена на Статуата на слободата речиси во исто време кога бил донесен првиот закон за јавно обвинителство, што е интересно“, додаде тој.

Во истото интервју тој вели дека во САД се добредојдени мигрантите „кои знаат да стојат на свои нозе, да бидат самодоволни и да се снајдат кога се во неволја, во духот на американската традиција“.

„Никој кој овде не е роден како Американец нема право да стане Американец“, додаде тој.

Доселениците кои имаат американско државјанство најверојатно нема да бидат засегнати од новиот закон, како ни бегалците или барателите на азил.

Правилото, сепак, ќе се применува во случај на продолжување на визи и зелен картон или американско државјанство.

Сите кои нема да го исполнуваат стандардот за приход, како и на оние што зависат од придобивките како Медикаид, нема да имаат право за влез во земјата.

На оние кои се веќе во САД може да им бидат одбиени барањата за државјанство.

Се проценува дека во САД моментално живеат околу 22 милиони лица без државјанство.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе