За претседателските избори 2020 година

Трамп: Зошто од други држави да не дознаам компромитирачки информации за противникот? (ВИДЕО)

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека е подготвен да прифати информации за својот противник во трката за претседателските избори во 2020 година од други земји, по неколку години негирање дека Москва му помогнала да ја освои функцијата.

Контактите на тимот на Трамп со Русите за време на претседателската трка во 2016 година доведоа до истрагата на специјалниот советник Роберт Малер за можни договори и опструкции на правдата, како и неколку слични и тековни напори во Конгресот.

Истрагата за дослухот со Русија го покри претседателството на Трамп во изминатите две години, а неговите нови забелешки укажуваат на тоа дека сè уште не гледа ништо лошо во тоа американски политички кандидат да прифаќа помош од странска сила.

„Мислам дека можеби ќе сакам да слушнам... нема ништо лошо во слушањето“, рече Трамп, кога Еј-би-си њуз го прашаа што ќе стори ако некоја земја како Русија или Кина му понуди такви информации.

Новинарот за време на интервјуто го праша дали ќе ги слушне тајните информации што ги даваат другите влади или ќе го информира ФБИ.

„Зошто не и двете? Зошто да не ги слушнам? Нема ништо лошо во тоа. Ако некој ме повика, на пример, од Норвешка и рече: „Имаме некои информации за вашиот политички противник, се разбира би сакал да знам за што зборува“, рече Трамп.

Тој негираше дека тоа би значело странско мешање во американските избори.

„Тоа не е мешање, тие имаат информации - мислам дека ќе ги прифатам“, рече Трамп.

„Ако сметам дека нешто не е во ред, би отишол можеби до ФБИ - ако сметам дека нешто не е во ред“, рече Трамп.

Извештајот на Малер за неговата истрага наведува дека иако немало доволно докази да се обвини Трамп за криминален заговор, тој бил доволно среќен да користи од руските валкани трикови.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе