Трамп: Зошто едноставно не можеме да ја нападнеме Венецуела?

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата година, на состанок во Овалната соба во Белата куќа, на својот државен врв им го поставил неверојатното прашање: зошто Америка не може едноставно да изврши инвазија на Венецуела?

Оваа прилично алармантна информација, по речиси една година, ја открил неименуван висок претставник на администрацијата Трамп за Асошиетед прес.

Високите функционери на состанокот биле шокирани од самиот предлог. Советникот за национална безбедност Х.Р. Мекмастер и тогашниот државен секретар Рекс Тилерсон (кој во меѓувреме е заменет, и тоа набргу откако медиумите објавија дека Тилерсон на еден состанок Трамп го нарекол дебил) неколку минути го уверувале Трамп дека тоа е навистина лоша идеја.

Тие му објасниле дека воена акција би довела до раздор меѓу САД и другите јужноамерикански држави, кои моментално се на иста страна со САД во осуда и политичка и економска изолација на режимот на Николас Мадуро.

Економска катастрофа, каква што речиси не е видена ниту во сиромашната Јужна Америка, а која е произведена од неуспешната социјалистичка политика на Мадуро и неговиот претходник, Хуго Чавез предизвикала општа глад, недостаток на медицинска грижа и масовни протести, на што режимот на Мадуро одговорил со брутално задушување и убиство на стотици демонстранти, затворање на членови на опозицијата и лажирање на изборите со цел да остане на власт.

Но, Трамп не се предомислил туку така. Тој инсистирал на идејата, повикувајќи се на случаи на успешни американски инвазии на други јужноамерикански земји во осумдесеттите години - Панама и Гранада - иако овие две земји заедно имаат околу 13% од популацијата на Венецуела, пишува Тинк прогрес.

Покрај тоа, Трамп веќе следниот ден објавил дека „воената опција е на маса“ во случајот со Венецуела. Венецуелскиот министер за надворешни работи, Владимир Падрино тоа го нарекол „акт на лудило“ и ја прозва „екстремистичката елита која владее со САД“.

Но, многу поважно за Трамп, американскиот конгрес тогаш јасно ставил до знаење дека нема да одобри војна со Венецуела. Но, ни тоа не го спречило Трамп, кој истиот месец, за време на посетата на претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, се обидел кај него да го „испита теренот“ за можна инвазија. Ова за АП го откриле двајца неименувани колумбиски функционери.

Ниту, тоа не бил последниот обид на Трамп - на вечера со четири јужноамерикански функционери во септември, по седницата на Генералното собрание на ОН, Трамп наводно буквално кажал: „Мојот персонал не сака ова да го кажам“, по што сепак ги прашал што мислат за идејата за инвазија на САД на Венецуела. Сите четворица му кажале дека САД тоа воопшто не смее да го направи.

Се разбира, освен воени и цивилни жртви што би ги донела инвазијата и логистичките проблеми за САД, со оглед дека Венецуела има население речиси исто како и Ирак, такво сценарио посекако би му одговарало на Мадуро, кој и така од почеток ги обвинува САД и за економската криза и за протестите што ги предизвикала.

Од друга страна, воени интервенции во Јужна Америка се речиси традиција на Соединетите Американски Држави, кои од 1898 до 1994 воено интервенирале дури 41 пат на тој континент, било директно или индиректно. Куба, Гватемала, Панама, Чиле и Салвадор се само некои од земјите кои се нашле на нивен удар.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе