Трамп: Зошто Американците да ги спасуваат лошо водените сојузни држави?

Претседателот на САД Доналд Трамп денес ги критикуваше американските градови и држави кои бараат сојузна помош за да ги надоместат големите загуби поради пандемијата на коронавирусот.

Тој тоа го кажа обвинувајќи ги главно демократите дека „лошо управуваат“ со тие градови и држави.

Гувернерите, имено, бараат од Конгресот околу 500 милијарди долари, додека истовремено се одлучува за уште еден закон за помош. Тие тврдат дека парите се потребни за да се покријат трошоците од реагирањето на пандемијата, како и приходот изгубен додека граѓаните беа во своите домови, пренесува Ројтерс.

„Зошто жителите и даночни обврзници на Америка би требало да ги спасуваат лошо водените држави (како Илионис, на пример) и градовите во кои се на власт демократите, кога повеќето други држави не бараат помош? Отворен сум за секаква расправа, но само прашувам“, напиша Трамп на својот профил на Твитер.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе