Поради коронавирусот

Трамп жестоко ги напаѓа медицинските експерти на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нападна на Твитер медицинските експерти кои се борат против новиот коронавирус обвинувајќи ги дека си играат политика и дека го отежнуваат економското опоравување.

EPA-EFE

Тој вчера на Твитер сподели постови од конзервативци, без самиот да ги коментира.

„Сите лажат. ЦДЦ, медиумите, демократите, нашите лекари, не сите, ама повеќето, за кои ни е кажано да им веруваме“, се наведува во еден од постовите кои Трамп ги сподели во кој се реферира на Центарот за контрола на болестите.

Друг твит што го сподели изгледа доаѓа од профил на поддржувач на теории на заговор.

Трамповите советници во исто време почнаа напади врз Ентони Фаучи, владиниот експерт за заразни болести. Тие наводно на американските медиуми им проследиле листа на негови изјави од почетокот на пандемијата кои не биле точни, јавува Вашингтон пост.

Трамп во четвртокот изјави дека Фаучи е „добар човек, но направи многу грешки“, што укажува на пресврт на Белата куќа.

Фаучи со недели не бил на американска телевизија и не го брифирал директно Трамп од минатиот месец.

Американскиот претседател е на удар на критики поради своите изјави, вклучувајќи го тврдењето дека вирусот одеднаш само ќе исчезне, заговарање на непроверено медицинско лекување и намалување на важноста на носење маска.

Во меѓувреме низа американски сојузни држави бележат пораст на бројот на заразените, а расте и бројот на смртните случаи во најмалку дванаесет држави.

Флорида забележа 15.000 нови случаи во еден ден минатиот викенд во време кога има обиди за отворање на економијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе