По оставката на британската премиерка

Трамп: Жалам за Тереза, многу ја ценам

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изрази жалење поради објавувањето на оставката на британската премиерка Тереза Меј.

„Жал ми е за Тереза. Многу ја ценам“, рече Трамп пред да ја посети Јапонија.

Меј вчера во солзи соопшти дека ќе поднесе оставка на 7 јуни и изрази длабоко жалење поради неуспехот да го спроведе брегзитот.

„Дадов сè од себе. Се обидов да ги договорам најдобрите услови, направив сè за да ги убедам пратениците да му дадат поддршка на мојот договор. За жал, не успеав. Се обидов три пати. Верувам дека беше правилно да се истрае. Но сега верувам дека е правилно нова личност да преземе. Ќе поднесам оставка во петок, 7 јуни“, рече Меј.

Премиерката сè уште биде на функцијата во текот на посетата на Трамп во Европа во почетокот на јуни по повод одбележувањето на 75-годишнината од сојузничката инвазија на Нормандија во Втората светска војна.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе