Трамп зеде банкар од контроверзната Голдман Сакс за министер за финансии

Новоизбраниот американски претседател денес продолжи да ја составува владата со именување на својот економски тим во кој за министер за финансии го избра банкарот од Вол стрит и поранешен директор на инвестициската банка Голдман Сакс, Стивен Мнучин.

Мнучин лино на Си-ен-би-си го објави своето именување за министер за финансии кое тимот на новиот претседател сѐ уште официјално не го потврди. Тој бил во друштво на Вилбур Рос, друг инвеститор од Вол стрит, кој е именуван за министер за трговија.

Новиот американски претседател сѐ уште се двоуми околу изборот на соработници на другите стратегиски места – надворешни работи и одбрана, а неделава не се очекуваат други именувања.

Ни Стивен Мнучин (53) ни Вилбур Рос (79) немаат политичко искуство, а веќе низа години го поддржуваат Трамп. Рос соработуваше со американскиот милијардер во 1980-тите кога некои негови казина паднаа во криза.

Двајцата ќе бидат задолжени за спроведување на економската политика на новиот претседател кој вети дека ќе ги преиспита договорите за слободна трговија и дека работните места во индустријата ќе ги задржи во САД.

Трамп сака и да го намали оданочувањето на компаниите и домаќинствата со највисоки приходи за да ги поттикне потрошувачката, инвестициите и растот.

Министерот за трговија сепак не е задолжен за меѓународната трговија и таа задача е во надлежност на специјалниот претставник за трговија (УСТР) кој сѐ уште не е именуван.

Изгледа дека Трамп во изборот за шеф на дипломатијата се колева меѓу умерениот републиканец Мит Ромни, посрамениот поранешен шеф на ЦИА Дејвид Петреус, угледниот републикански сенатор Боб Коркер и поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани.

Ромни, кој не така одамна го нарече Трамп „шарлатан“ и „измамник“, во вторникот минал со него „прекрасна вечер“ во познат француски ресторан во Њујорк. „Трамп е човек каков што ни треба за да нѐ поведе во подобра иднина“, изјави вчера губитникот на американските претседателски избори пред четири години.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе